Живот

Мајка после операција не можела да се разбуди – Ја разбудил плачот на нејзиното бебе

Рилан Кавли е премала за да го разбере чудото во кое била и таа самата дел. Всушност таа е уште во пелени. Но тие кои разбираат не можат да не бидат зачудени со фактот како беспомошното бебе успеа да го спаси животот на својата мајка. Шели Кавли речиси и да не се сеќава на раѓањето на Рилан, но се сеќава дека била многу уплашена

„Се сеќавам како лежев на носилка и како ме враќаа во операционата сала, а јас плачев. Им зборував на докторите дека се плашам дека нема да се разбудам после операцијата. Тоа е сега страшно кога ќе се сетам бидејќи бев во право“, кажа Шели.

Додека Шели била под анестезија поради итниот царски рез, тробмот кој и се создал во едната нога се откачил и Шели паднала во кома. После една недела, мединскиот персонал започнал да се загрижува за тоа дали Шели некогаш ќе се разбуди. Многу верувале дека Шели се откажала и дека нема долго да живее. Тогаш персоналот добил идеа.

Го ставиле бебето Рилан на градите на мајка си. Меѓутоа тогаш се сретнале со проблем.

„Рилан веднаш заспа“, кажа таткото Џереми.
„Тоа не ни требаше. Требаше Риланд да плаче. Тоа го зборуваа медицинските сестри. Го скокоткавме за да направи некаков звук, но она беше многу среќна па не се случи тоа веднаш . Во моментот кога почна да плаче мислам дека тоа навистина длабоко ја допре Шели и ја разбуди“.

Некако, плачењето на Рилан допре до нејзината мајка и ја разбуди од кома. Тоа беше она на кое се надеваше медицинскиот персонал.

„Јас сум сега 100 процентен верник во чуда“, кажала емотивно сестрата Манус. Сега комплетно опоравената и горда мајка на едно слатко девојче, Шели верува исто така во чуда. И таа знае дека нешто во плачењето на Рилан ја повикало и ја вратило во живот.

Поврзани вести

Back to top button