И денес никој не може да ми каже што се случило со моето дете, дали е живо, а ако не, каде му се коските, да го закопам, и да одам да плачам на гроб. Исчезна на патот меѓу Косово Поле, каде што живеевме и Приштина.
Ова го изјави Гордана Ристиќ, мајката на Давор (28), кој беше киднапиран од УЧК на Косово, а се сомничи дека е жртва на трговија со органи.
– Давор исчезна во својот автомобил. Не сакаше да вози странци во својот автомобил, а кога соседот пилот ми кажа дека го видел на за Приштина со маж во автомобилот, знаев дека е киднапиран. Исчезнувањето веднаш го пријавивме во Меѓународниот Црвен крст, нема место каде ја оставив сликата на Давор, но залудно – вели несреќната мајка.