Живот

Луѓето најмногу умираат од овие 4 болести, а оваа билка може да ги искорени

Оваа билка ја убива желбата за никотин и истовремено ја намалува телесната тежина. Најсилните убијци на човечкиот род во денешницата се срцевите болести, дијабетесот, прекумерната тежина и пушењето, кои се и меѓусебно поврзани, а можат да предизвикаат и фатален исход како срцев или мозочен удар, но и рак.

Меѓутоа, постои една билка која е одлична за лекување на дијабетес, на зголемен крвен притисок и дебелина. Исто така, таа може да го реши и најчестиот страв кај пушачите кои сакаат да го остават пушењето, а тоа е дека ќе се здебелат ако престанат да пушат.

Нејзиното име е стевија и потекнува од семејството хризантеми, а по потекло е од Парагвај каде што веќе со векови се користи како природен засладувач.

Стевијата е најдобар извор на природен шеќер за сите оние кои не смеат или не сакаат да јадат рафиниран шеќер.

Природна е и за оние кои сакаат да ослабат, за дијабетичари, болни од карциноми други болести во кои е важно да се ограничи внесот на преработен шеќер. Оваа билка ја убива и желбата за никотин и истовремено ја намалува телесната тежина.

Истражувањата покажале дека стевијата има способност за стабилизација на нивото на шеќер во крвта. Гликемискиот индекс на оваа билка е еднаков на нула, што значи дека не го крева нивото на гликоза во крвта, што е од голема важност за болните од дијабетес тип 2.

Стевијата може да се користи и како маска за нега на лицето, бидејќи ја збогатува кожата и ја прави поцврста и помазна и ги намалува брчките. Добра е и во борбата против акни и одлично делува против дерматитис.

Дури и ако не страдате од овие болести, пожелно е да ја користите стевијата бидејќи содржи многу важни хранливи материи, како витамини А, Б и Ц, минерали калциум, калиум, магнезиум, железо, цинк и хром.

Поврзани вести

Види и...
Close
Back to top button