Македонија

Левица: Никој не се грижи за бегалците од конфликтот во 2001 година

– Во конфликтот од 2001 инициран од терористите од денешната ДУИ раселени биле над 70.000 граѓани, голем број од тие семејства се уште не добиле трајно сместување или било каква посериозна помош од страна на државата што е спротивно дури и од Охридскиот рамковен договор.

Имено во Анекс Ц точка 3.1 во рамковниот договор стои дека „Сите страни ќе работат да обезбедат враќање на бегалците кои се граѓани или имаат законски престој во Македонија и на раселените лица, во нивните домови, во што е можно покус временски период“ a повеќе од две децении по потпишувањето на овој договор, сакајќи да коалицираат со поранешните УЧКи и да останат на власт за да цицаат државни пари, ниту СДС ниту ДПМНЕ немаат мрднато ниту со прст за овие лица.

За да се дознае што и дали државата има нешто напраено за овие луѓе, координаторот на секторот Кристијан Димков испрати барање за информација од јавен карактер до министерството за политички систем и односи помеѓу заедниците чија една од малкуте надлежности е доследно спроведување на охридскиот рамковен договор На ова барање, законски мора да има повратен одговор но очекувано, од министерството молчат. Поради тоа ќе биде поднесена жалба до агенцијата за слободен пристап до информации од јавен карактер.

Затоа јавно го прашуваме Артан Груби како министер за политички систем и односи меѓу заедниците што и дали воопшто нешто има направено во однос на овој дел од охридскиот рамковен договор и јавно ги прашуваме сервилните „македонски“ политички партии ВМРО и СДС, зошто го немаат потегнато ова прашање и дали им е сеедно тоа што македонците се граѓани од втор ред во сопствената држава, се вели во партиското соопштение на Левица.

Поврзани вести

Back to top button