Мафијаши дошле по рекет, земјоделците ги убиле со српови (ВИДЕО)

Објавено: недела, 10 декември 2023 во 17:08
Spread the love

Криминална група влегла во мала земјоделска заедница во централниот дел на Мексико, но наишле на отпор, односно тепачка проследена со истрели од оружје. Селаните со каубојски капи, српови и пушки ги избркале членовите на бандата.

Полицијата во државата Мексико, која се наоѓа во близина на Мексико Сити, соопшти дека конфликтот се случил во селото Текскалтитлан. Во судирот загинале единаесет лица, од кои осум биле членови на криминалната група. Нарко картелот Фамилија Мичоакана доминира во областа 10 години.

Селаните им ги запалиле телата и возилата. Според локалните медиуми Фамилија Мичоакана испратила членови да бара од фармерите да платат такса по хектар, што овие одбиле да го направат.