Уапсени 80 педофили во Франција

Објавено: недела, 10 декември 2023 во 12:52
Spread the love

Оваа недела во Франција беа приведени 80 мажи осомничени за педофилија, меѓу кои и еден пратеник и двајца учители, во голема полициска акција која покажа дека има педофили во сите општествени слоеви. Акција од таков обем „никогаш не е видена“ во Франција, изјави Квентин Беван, претставник на новиот Оддел за малолетници на правосудната полиција, кој ја координираше операцијата.

Полициските службеници таргетирале профили на луѓе кои се во редовен контакт со деца, објавија западните медиуми.

Приведени се двајца учители, спортски тренери и еден надзорник во ученички дом за хендикепирани лица.

Осомничените биле на возраст од околу 30 до над 60 години.

Кај неколку од нив се пронајдени видео снимки и фотографии со педофилски содржини зачувани на компјутери и други дигитални уреди.

Десетици се осомничени за силување малолетници или сексуални напади.

Надзорникот веќе бил осуден за силување пред неколку децении, а можел да работи со деца бидејќи законски го променил својот идентитет, истакна Беван.

Министерот за внатрешни работи на Франција, Жералд Дарманин изјави дека истрагите се уште се во тек.