Летала на НАТО пресретнале авион на рускот министер за одбрана

Објавено: вторник, 29 март 2016 во 11:13
Spread the love

Група борбени авиони на НАТО го пресретналао авионот на рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу додека се движел кон Калинград, над неутралните води на Балтичкото Море, пренесуваат руските медиуми.

Авионите на НАТО се наоѓале на два километри од леталото во кое се возел Шојгу, кој го следеле четири ловци Су-27.

Шојгу отпатувал во руската западна енклава Калинград со цел да провери како се одвива обновувањето на воениот аеродром во близина на градот.

Со рускиот министер за одбрана во авионот биле и новинари на ТАСС, Интерфакс  и РИА Новости кои, како што наведоа, го препознале авионот „еврофајтер тајфун“, ловец со два мотори направен за потребите на НАТО.