Топ

Лекар дарувал крв на пациентка пред да ја оперира

Ненад Шапоњиќ, специјалист по ортопедија и трауматологија во болницата „Србија“ во источно Сараево, успешно оперирал 21-годишна жена од Соколац, но поради недостиг на нејзината крвна група, самиот доктор ѝ дарувал крв.

Како што вели д-р Шапоњиќ, на 21-годишната девојка ѝ биле констатирани скршеници на бутната коска и хумерус, за што бил потребен оперативен зафат.

– Бидејќи немаше доволно крв од позитивна група Б, како нејзин хирург решив да дарувам крв. Со оглед на тоа што сум доброволно дарител на крв, тоа не ми беше проблем. По двете направени операции, пациентката се чувствува добро и ќе биде префрлена на одделот за ортопедија каде што ќе продолжи со лекувањето – рече Шапоњиќ.

Извор: 6yka.com

Поврзани вести

Back to top button