Купил контејнер го преуредил и сега го издава за 150. долари за ноќ (ФОТО)
Бродските контејнери се неизбежен дел од меѓународната трговија и транспорт на стоки од далечни дестинации како што е Кина. Сепак, овие метални кутии може да се користат и за домување. Токму тоа се обидел и Рајан од Довер во американската држава Охајо.
Тој бродски контејнер трансформирал во симпатична мини куќа во зеленило која е изолирана и оддалечена од другите луѓе во градот, пишува на сајтот Pun kufer.
Куќата има спална соба и минијатурна дневна соба со кауч, а во куќата комотно можат да преспијат четири возрасни лица.
И покрај тесниот простор, има бања со када и туш и добро опремена кујна со многу еклектични винтиџ парчиња.
Пред куќата има тераса со простор за уживање во мир и тишина, скара на отворено, но и џакузи за целосно опуштање.
Контејнерот се изнајмува преку Интернет платформата Airbnb по цена од околу 150 американски долари за една ноќ.
Фото: Facebook