БизнисИзбор на уредникотТоп

Kумот на Вештачката Интелегенција: Опасно е ова нешто може да стане попаметно од луѓето

Џефри Хинтон, кој е познат како „кумот на вештачката интелигенција“, потврди дека ја напушта компанијата „Гугл“ за да зборува за „опасностите“ од технологијата во чиј развој самиот учествуваше, пренесува „Си-ен-ен“.

Работата на Хинтон на невронските мрежи ги обликуваше системите за вештачка интелигенција во рамките на бројни денешни производи. Тој цела деценија соработуваше со „Гугл“, учествувајќи во напорите на технолошкиот гигант за развој на вештачката интелигенција, но оттогаш изрази загриженост за модерната технологија и за сопствената улога во нејзиниот развој.

– Се тешам со вообичаеното оправдување – ако јас не го направев тоа, некој друг ќе го стореше – кажа Хинтон во изјава за „Њујорк тајмс“.

Тој преку Твитер порача дека го напушта „Гугл“ за слободно да зборува за ризиците од вештачката интелигенција, а не поради желбата за критикување на компанијата.

– Си заминав за да можам да зборувам за опасностите од вештачката интелигенција без да земам предвид како тоа ќе влијае врз „Гугл“. Комапнијата постапуваше многу одговорно, напиша Хинтон.

Одлуката на Хинтон за повлекување од „Гугл“ уследи откако бројни политичари, активисти и технолошки инсајдери изразија загриженост за можноста за ширење дезинформации и за преземање на работните места од страна на новата генерација на четботови на погон на вештачка интелигенција.

– Во овој момент гледаме дека системите како GPT-4 ги надминуваат луѓето во однос на општо знаење и таа разлика е голема. Во однос на расудувањето, тој не е толку добар, но очекуваме наскоро да биде подобар, изјави Хинтон.

Тој изрази загриженост за потенцијалот на вештачката интелигенција за згаснување на работни места и за создавање на свет во кој многумина „нема да можат да распознаат што е вистина“.

– Идејата дека ова нешто може да стане попаметно од луѓето, малкумина веруваа во тоа. Но повеќето луѓе мислеа дека тоа е далеку од реализација, како и јас. Мислев дека е оддалечено 30 до 50 години, но сега веќе не мислам така, истакна Хинтон.

Тој и пред напуштањето на „Гугл“ зборуваше за потенцијалот на вештачката интелигенција да наштети но и за нејзините придобивки.

Поврзани вести

Back to top button