Кучиња во тунелите на Хамас (ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО)

Објавено: понеделник, 6 ноември 2023 во 16:05
Spread the love

На социјалните мрежи кружи вознемирувачко видео од Газа.Во него се гледа како куче, поточно германски овчар е пуштено во тунелите под контрола на Хамас и како брка еден од милитантите.

Камерата на грбот на кучето го снима моментот кога го напаѓа милитантот кој се криеше во темнината како лелека.

Тунелите се распространети низ целиот Појас Газа, некои од нив се длабоки и до 10 метри, а внатре во нив е целата логистика на Хамас со струја, храна, продавници, магацини за оружје.