Двајца крадци вчера среде бел ден се обиделе да влезат во куќа на улицата „Благоја Горан“ во Пржино.
Камерата од видео надзорот снимила две машки лица кои околу 12:45 часот вчера, најпрво проверуваат дали некој има во куќата, а потоа се обидуваат да влезат во неа. Но, во намерата биле спречени од сопственикот, кој бил дома.
Од снимката јасно се гледа дека едниот носи црна фантомка, а другиот има капа и заштитна маска на лицето.