ЖивотЗдравјеИзбор на уредникотТоп

Костените се извор на здравје

Слатки, вкусни и популарни, станува збор за костените кои се високовредни енергетски плодови. Искористете ја сезоната и снабдете се со витамини и минерали кои нема да ги најдете во другите јаткасти плодови.

Костените се познати по слаткиот вкус и благата текстура. Свежиот костен има 170 калории на 100 грама од делот кој се јаде, што значи многу помалку од разните јаткасти плодови како што се лешникот, бадемите, оревите… кои содржат околу три пати повеќе калории. Костенот како и претходно набројаните сродни плодови, не содржи холестерол. Во костените ќе најдете многу мала количина на масти, главно незаситени масни киселини и што е многу важно не содржи глутен. Заради тоа се иделна намирница за луѓето кои боледуваат од целијакија.

Освен тоа, тој е и единствен јаткаст плод кој содржи витамин Ц, па така само 85 грама костен дава 45 проценти од дневните потреби.

Уште една интересна карактеристика на костенот е тоа дека е богат со фолати, што е инаку типично за зелениот листест зеленчук, а не за јаткастите плодови и семки. Околу 100 гр. костени нудат 62 мг. фолати, (или 15,5 проценти). Значи, освен со витамин Ц , тој има и витамини Б1, Б2 и фолна киселина. Фолната киселина е неопходна за формирање на црвени крвни зрнца и синтеза на ДНК. Конзумирање на храна богата со фолати спречува појава на аномалии кај фетусот.

Овој есенски плод е познат и како извонреден извор на влакна, што помага во намалување на нивото на холестерол.

Конзумирајте ги и ќе внесете магнезиум, бакар, манган, железо, калциум, фосфор, цинк и солидна количина на калиум (518 мг/100 гр). Калиумот е многу важен елемент бидејки го урамнотежува нивото на натриум, срцевите отчукувања и крвниот притисок. Магнезиумот и фосфорот се важни за метаболизмот на коските.

Поврзани вести

Back to top button