Косовскиот парламент нападнат со „зоља“

Објавено: петок, 5 август 2016 во 08:15
Spread the love

Непознати напаѓачи фрлија експлозивна направа во зградата на косовскиот парламент.

Како што соопшти локалната полиција, експлозивот бил фрлен од растојание и при нападот нема настрадани лица.

Косовските медиуми јавија дека две лица на мотор истрелале граната во зградата. Дневниот весник „Експрес“ тврди дека на парламентот е испукана „зоља“, пренесува РТС.

Косовската полиција го затвори реонот околу зградата на парламентот.

Зградата на косовскиот парламент се наоѓа во прометна улица во Приштина.

Експлозијата се случува пред денешната седница на косовскиот Парламент, на која е најавена расправа за законот за демаркација на границата со Црна Гора, на што остро се спротивставува опозицијата, а посебно „гласно“ во тоа е движењето „Самоопределување“.