ЖивотИзбор на уредникот
Kонзумирање на една лименка газиран сок дневно води кон дијабетис
Секојдневно конзумирање на една лименка газиран сок со додаток на шеќер е поврзана со 46 отсто поголем ризик за пред-дијабетис, состојбата што често ѝ претходи на шеќерната болест.
Американските научници од „Туфтс универзитетот“ во Бостон додаваат дека пиењето диетални газирани сокови не е поврзано со зголемениот ризик на пред-дијабетис.
Пред-дијабетисот се карактеризира со зголемена концентрација на шеќерот во крвта и зголемена резистенција на инсулин, но не во доволна количина за да се дијагностицира шеќерна болест.
Пред-дијабетисот е реверзибилен ако се редуцира внесувањето шеќер во организмот.