Македонија

Командант Сула екстрадиран во Македонија

Сулејман Османи, познат и како Командант Сула, е екстрадиран од Косово во Македонија. Како што јавуваат медиумите кои известуваат на албански јазик, 55 годишниот Османи веќе е во Македонија откако во јули, минатата година беше уапсен од косовските власти по распишана меѓународна потерница.

Тој е обвинет за серија кривични дела поврзани со терористичкиот напад во Куманово кога беа убиени 8 полицајци.

Иако претходно беше уапсен во Македонија, Османи во чудни околности со лисици на рацете успеа да и побегне на полицијата додека и го покажуваше теренот во Гошинце каде претходно дејствувал со терористичката група.

Поврзани вести

Back to top button