Клиниката и зела пари и ја оставила да умре, вели мајката на младата Британка која почина по операција за слабеење
Ожалостената мајка на младата Британка, која почина по неуспешната операција за слабеење, обвини клиника за естетска хирургија во Турција дека ѝ „зела пари и ја оставила да умре“. Ова според неа бил трет случај.
– Српските лекари ми кажаа дека ова е трет случај на авион со британски пациенти што итно слетуваат во Белград поради компликации по естетските зафати извршени во странство, открила мајката на 20-годишната Морган Рибеиро, која почина во болница во Белград по извршена операција на желудник во Истанбул.
Авионот на летот Истанбул – Лондон принудно слетал на белградскиот аеродром пред десетина дена бидејќи на еден од патниците му се слошило, односно се работело за Британката Морган Рибеиро.
Млада Британка полета за Турција за да се подложи на операција на желудникот поради тежината. Но, 20-годишната девојка од јужен Лондон почина од компликации во српска болница откако мораше итно да слета во Белград на повратен лет за Британија кога одеднаш ѝ се слошило.
Ерин Гибсон, мајката на Морган, остро ја критикува клиниката за естетска хирургија во Турција затоа што ја отпуштила ќерка ѝ од болница во Истанбул само три дена по неуспешната операција додека страдала од инфекција.
– Морган платила 2.500 фунти на компанија во Швајцарија, но операцијата била извршена во Турција. Ја уништија со операцијата. Кога авионот принудно слетал во Србија, тамошните лекари констатирале дека за време на операцијата ѝ е дупнато тенкото црево. Покрај тоа, доби и инфекција, рекла Ерин.
Како што изјавила за „Дејли мејл“, ниту една мајка не треба да ја преживува болката низ која поминува.