Живот

Какви лековити својства крие брусницата?

Лековитите својства на брусницата  ги познавале и старите народи, а нејзината ефикасност против заболувања на уринарниот систем ја потврдија и бројни научни истражувања. Лековитите црвени плодови содржат природни полифеноли, од кои најзначаен е проантоцијанидинот. Овој полифенол го оневозможува припојувањето на бактериите на зидовите на мочните патишта, го спречува нивното задржување во урината и го подобрува нејзиното излачување. На овој начин се намалува можноста за развој на инфекција.

Брусницата е растение, чии плодови се природен антибиотик. Плодовите од брусницата се богати со различни заштитни материи, содржат минерали како калиум и други, содржат витамини: А и Ц, како и растителни влакна. Црвената тврди топчести плодови имаат киселкаст вкус, кој произлегува од големата количина на витамин Ц, која ја содржат во себе.Освен тоа, брусницата е веќе долго време позната како лековита билка. Од нејзините листови и плодови се прават лековити чаеви. Од свежите плодови се прават сокови, а плодовите можат да се чуваат и замрзнати или сушени. Од нив може да се прават вкусни џемови, сосови и јадења.

Свежите, смрзнатите или сушените брусници, како и сокот од плодовите се природен антибиотик кој ги уништува штетните бактерии и габички во телото. Биофлавоноидите имаат посебно антибактериско дејство. Така, бројни истражувања покажаа дека брусницата може да ја спречи инфекцијата на мочните патишта, посебно инфекцијата предизвикана од бактеријата Е.colli. Исто така, заштитните материи во брусницата делуваат и на уништување на бактеријата Helicobacter pylori, која е чест причинител на чир на желудникот.

Состојките во брусницата го намалуваат ризикот од разни типови на карциноми, како што се карциномот на дојката и дебелото црево. Студиите покажале дека брусницата го спречува растот на клетките на ракот, како и неговото ширење во телото. Брусницата го намалува шеќерот во крвта, што е корисно за дијабетичарите. Помага при стресни состојби, како и во превенција на кардиоваскулатните заболувања (волестите на срцето и крвните садови). Брусницата го подобрува и видот.

Сокот и чајот од плодовите и лисјата на брусницата им се препорачува на децата и на старите лица. Треба да се напомене дека лисјата се берат после бербата на плодовите. Црвените плодови на брусницата се користат како фил за колачи, за торти, од нив се прават мармалади и сирупи. Често сосовите од брусница се вкусен додаток на јадењата од дивеч.

Поврзани вести

Back to top button