„Kаква бурка, забранете го сакото, Муслиманките не се проблем, ќе не упропастат луѓето во одела“!
Фотографијата на која полицијата ја принудува жената од муслиманска вероисповед да го соблече буркинито на плажата на француската ривиера, предизвикала лавина различни коментари. Сепак, еден краток коментар на читач од Британија покажал колку таа расправа, од негов агол, е апсурдна.
Хенри Стјуарт, читател на британски Guardian, го пратил своето мислење до редакцијата на тема буркини, кое многу набрзо станало хит на социјалните мрежи. Хенри верува дека буркинито само по себе не е лошо ниту опасно, но, како што вели, “доколку треба да зборуваме за тоа што луѓето треба да го носат, тогаш можеби треба да ги забраниме оделата”.
“Ниедна жена во бурка, хиџаб или буркини, никогаш не ми наштетила на било кој начин, Но, без објаснување, ме отпушти маж во одело. Луѓе во одела ми продаваа лажни пензиски осигурувања и ме чинеа илјадници фунти. Луѓе во одела не водат до катастрофи и илегални војни. Луѓето во одела кои ги водат банките ја доведоа светската економија до крах. Тогаш, други луѓе во одела со одлуката да се штеди ја зголемија бедата за милиони други луѓе. Ако почнеме да зборуваме за тоа што луѓето треба да носат, тогаш можеби треба да ги забраниме оделата”, напишал Хенри.
Овој коментар ги собрал симпатиите на Фејсбук, а кратко по објавувањето неколку илјади луѓе го споделиле на своите страници.