Како природно да се заштитите од коронавирусот: Зајакнете го вашиот имунитет
Коронавирусот е респираторен вирус кој се пренесува преку капки, односно преку кашлање и кивање.
Инфекцијата се пренесува преку капки кои болното лице ги испушта во воздухот при кивање, кашлање и разговор, а се вдишува од друго лице.
Исто така, ако капките достигнат површина или остануваат на рацете на заразени лица, здраво лице може да зарази со допирање на такви површини.
Затоа, најдобро е да земете природна форма на превенција:
* Мијте ги рацете често и темелно со топла вода и сапун
* Користете влажни марамчиња засновани на алкохол
* Избегнувајте допирање на очите, устата и носот со неизмиени раце
* Избегнувајте близок контакт со лица со симптоми на респираторни инфекции
* Кивајте и кашлајте во свиткан лакт
* Консумирајте убаво термички обработена храна
Луѓето кои патувале во земји кадешто има регистирано пациенти со коронавирус, биле во контакт со заразено лице или имаат слаб имунитет, се изложени на најголем ризик за добивање на вирусот.
За да го зајакнете имунитетот и да се заштитите од вируси и инфекции, важно е да јадете здрава храна (овошје, зеленчук, витамини, протеини …), да го намалите стресот, да спиете, да бидете физички активни и да се грижите за личната хигиена.