Јутјуб преплавен од цртани филмови со несоодветни содржини за деца
На денешните деца поприродно им е „лизгањето“ со прст по екраните на таблетот или телефонот отколку вртењето страници на книги, а модерниот живот и модерното родителство често подразибраа исполнување на слободното време на децата со седње пред телевизиските екрани и гледање цртани филмови.
Денештното време и таквиот вид на „забава“ со себе носат повеќе опасности, а една од нив се крие токму меѓу разните шарени видео клипови.
Како што јави Би-Би-Си, ако родителите не внимаваат, сосема е возможно нивното дете да кликне на нешто што личи на сосем обично видео со популарнoто Прасе Пепа, но само секунда откако ќе се притисне „плеј“ се станува многу потемно.
Се појавува стоматолог со голем шприц кој и вади заби на Пепа, а таа почнува да вреска.
– Пепа вреска и плаче, а стоматологот по малку е садист. Тое не е нешто што треба да гледа тригодишно дете. Сепак, анимацијата е доволно слична на вистинската Пепа, па може да ги излаже и детето и родителот, изјави за Би-Би-Си Лора Џун, родителка чии деца имале искство во лажбата Пепа.
Поттикнати од овој случај, новинарите на британската телевизија на Јутуб пронашле стотици клипови каде главната улога ја имаат популарните ликови од омилените детски цртани филмои, но кои се преполни со несоодветни теми. Некои клипови се безопасни по природа, но некои се преполни со содржини кои вознемируваат или се страшни дури и за повозрасните деца.
Така меѓу клиповите со популарни цртани филмови и има содржини со насловите „Големата плунка на Елза“, „Голиот Халк остана без долна облека“, па дури и „Крвавата Елза: Спајдермен и ја крши раката на Елза“.
На Јутуб може да се најдат и неофицијални цртани филмови со прасето Пепа, каде таа се сретнува со зомби, па дури и станува еден од нив.
Би-Би-Си не доби одговор од компнанијата „Дизни“, која се ги има авторските права на овие цртани филмови, додека Јутуб соопшти дека „сериозно се посветени на информациите кои ги добиваат“ и дека „непристојните содржини веднаш се острануваат“.
– Препорака на родителите е да ја користат апликацијата Јутјуб Кидс каде може да се зклучи филтер само за безбедни содржини, соопшти Јутуб, сепак додавајќи дека „ниту еден филтер не е сто птоценти сигурен“.