Македонија

Јоци: Шоферите и кабинетот на Жерновски возат приватни Мерцедеси, БМВ џипови, Фолксваген Фаетон и безобразно скапи коли од 40.000 до 70.000 евра

Шоферите на градоначалникот на Центар, Андреј Жерновски, се центарски шерифи, обвини и политикологот Јорданка Ивановска – Јоци. Неколку дена таа бара одговори како Жарко Пачемски, поранешен камерман, успеал да се смести во луксузен „фолксваген“ и од каде му е смелоста „да ги убедува луѓето во Македонија, од кои половината се возат со бус, дека луксузен „фолксваген“ за некој со 30.000 плата месечно пример, е нешто нормално да возиш.“.

-Јас, да речеме, знам скопски газди, кои по 15 год.работа и ‘рмбање, си дозволија ваков автомобил. Дури и јас, по 17 годишен стаж, не успеав ни приближно нешто вакво да купам. Поточно, никакво, возам кола од 1995. Но, и покрај долгометражниот „филм“ кај него на профил, не одговорил на многу побитни прашања – што возел претходно како камерман, колку чини „фејтонот, дали е купен или подарен, колку плата зема“, пишува Јоци.

На фотографиите што ги објави е претставен возниот парк на , поранешен камерман, Бојан Симоновски и Горан Ефремовски, возачи во општна Центар.

За моќта на нискорангираните службеници на градоначалникот на Центар пишуваше и претседателот на Советот на Општина Центар, Мирослав Шиповиќ, кој дека тврди дека корупцијата на Жерновски оди преку неговиот шофер, односно дека за маркица или изградба на граѓаните им се јавува шоферот.

И објавите на Јоци зборуваат во таа насока. Дрскоста на шерифот Пачемски, који покрај нискиот ранг по хиерархија успеал да си купи скап автомобил оди дотаму што си дозволува со закани да го обезбеди изворот на податоците.

-Ќе ти ги кажам, камерману, на „свети никад“. Јас немам обврска на камермани да им кажувам „извори“, само да ѝ ја кажувам вистината на јавноста. Ти си тој кој има обврска, како службеник, да каже како си купил кола. Ако е сѐ ок, нема од што да се плашиш.

Се пријавил со свој одговор, Жарко Пачемски, од Кабинетот на Андреј Жерновски. Сопственикот на „фолксваген фејтон“ од јануари 2015. Пред да почне да работи за Жерновски, беше камерман во скопска телевизија.
Останатите двајца службеници, едниот возач во Општина Центар, кои, во мандатот на Жерновски, станале сопственици на „мерцедес“ и „БМВ“, не се огласиле. Жерновски, исто. Не чувствува потреба да ѝобјасни на јавноста како на обични службеници наеднаш им се „случуваат случајно“ вакви ѕверови од автомобили, па уште и им се гледаат евтини и стари, испаркирани секој ден пред Општина Центар, на ул. „Михаил Цоков“.“

Извор: Kurir.mk

Поврзани вести

Back to top button