Свет

„Јени шафак“: Тајни средби на американски разузнавачи со ИД

Американски разузнавачи лани во ноември и во февруари годинава имале тајни средби со членови на групата Исламска држава (ИД), за кои Турција не била информирана, тврди турскиот весник „Јени шафак“.

Седум припадници на американското разузнавање, кои биле распоредени во Ирак, два пати се сретнале со еден од раководните кадри на ИД, Абу Ахмад ал Алвани, командант на ирачката армија за време на режимот на Садам Хусеин, пишува весникот.

Според непотврдени сведоштва, Абу Ахмад ал Алвани наводно бил убиен за време на воздушни напади на антиџихадистичката коалиција кон крајот на 2014 година

Првата средба меѓу ИД и САД се одржала на 7 ноември, со посредничка улога на племето Шаммар, а втората  на 3 февруари, крај Киркук, со посредништво на племето Џубури.

Првично се размислувало за разговорите да се искористи помошта од племето Тахии, од регионот во близина на Турција, но поради опасност од протекување на информации, оваа идеја отпаднала, тврди „Јени шафак“.

Со средбите со поранешните команданти на Баас партијата на Хусеин, кои сега преминале во редовите на ИД, САД имале за цел да создадат услови за соработка со баасистите во ИД, а исто така на своја страна да ги привлечат и армиите на Накшибенди и Муслави, во чиј состав се наоѓаат имиња од костурот на поранешната армија на Садам Хусеин.

По првата средба биле организирани три американски операции во овој регион, а лидерот на џихадистичката група Абу Бакр ал Багдади на три пати ја одбегнувал смртта, но во два од тие напади бил ранет, пишува уште турскиот весник.

Заради изведените напади врз него, и покрај тоа што неговото место на престојување се чувало во најголема тајност, Ал Багдади наредил да се убијат луѓето од неговото најблиско опкружување за кои се сомневал дека може да ја оддале информацијата.

Поврзани вести

Back to top button