Свет

Ја убил сопствената ќерка бидејќи се премажила

Британката Самиа Шахид е убиена додека била во посета кај роднини во Пакистан. Полицијата и ги уапси нејзиниот татко и поранешниот сопруг. Пакистанската полиција изјави дека ги уапсила под сомнение дека ја убиле Самиа, а потоа нејзиниот втор сопруг кажа дека поради премажувањето таа е жртва на честа.

Случајот привлече внимание затоа што се случи ден после убиството поради чест на ѕвездата на социјалните мрежи Кандил Балоч.

Заменик главниот инспектор во полицијата Абубакар Куда Бакхсш, истражител во случајот на Шахид, кажа дека полицијата во саботата го уапсила Шакел, поранешниот сопруг на Самиа и нејзиниот татко Каудрија Шахид.

Роднините на Самиа кажале дека таа починала од срцев удар, но нејзиниот сопруг Казим Мукхтар тврди дека верува дека таа отруена, а потоа задавена.

Исто така изјави дека неговата сопруга и порано добивала смртни закани од нејзиното семејство.

Годишно во Пакистан се убиваат околу 500 жени, за кои нивните роднини сметаат дека го посрамотиле семејството

Поврзани вести

Back to top button