Живот

Ја соблече гола љубовницата на сопругот и ја претепа

Шокантна снимка од улицата во кинескиот град Бозхоу, молскавично се рашири низ интернетот. Имено, сред улица полна со луѓе изневерената сопруга ја донесе љубовницата на мажот, а потоа со помош на пријателка и се одмазди на брутален начин.

На снимката се гледа група жени како викаат и ја удираат девојката која наводно е видена со мажот на едната од нив. Љубовницата без маица лежи на подот опкружена со жени и случајни минувачи, а една од нив ја кубе за коса и ја удира со рацете и нозете по телото. Потоа се придружуваат уште две жени кои се обидуваат да и ги соблечат панталоните.

Една постара жена се обидува да ги спречи но без ефект. Една од напаѓачките во меѓувреме зема мобилен и ја снима и фотографира наводната љубовница додека таа плаче. Потоа ја тегне за коса за да улови подобар кадар, а другата повторно почнува да и врзува шамари.

„Зарем не ме препознаваш?!“, прашува гневната жена, наводно изневерената сопруга.

На кинеските друштвени мрежи се разви бурна расправа околу тоа кој е крив за оваа ситуација.

„Зошто жената е крива. Очигледно мажит има проблем, и него треба да го обвини“, „Требала да го истепа својот маж“, се коментарите на многумина.

Поврзани вести

Види и...
Close
Back to top button