Свет

Италијанската мафија од дрога заработува колку Фиат од продажбата на автомобили

Италијанските мафијаши заработуваат на трговијата со дрога во Италија исто толку пари колку што заработува Фиат од продажбата на своите автомобили, но со тоа што тие не мора да плаќаат високи даноци, соопшти вчера канцеларијата на италијанскиот обвинител за борба против мафијата.

изнесувајќи ги проценките на Канцеларијата на ОН за дрога и злочини, обвинителите изјавија дека мафијата, која ја контролира трговијата со дрога во Италија, годишно заработува повеќе од 32 милијарди евра.

Во годишниот извештај на обвинителот за борба против мафијата се истакнува дека „тоа е како главниот национален произведувач на автомобили сосе своите набавувачи, даватели на услуги и салони да ги исплати сите плати и да произведе сѐ без тоа да го заведе во книгите и без почитување на прописите, а потоа да го продаде и реинвестира без да плати данок“.

„Малата разлика е во тоа што профитот што им останува на шверцерите на дрога е најмалку 10 пати повисок од тој на кој било индустриски произведувач“.

Калабриската мафија, позната како Ендрангета, во моментов е најголем европски снабдувач со јужноамерикански кокаин.

Поврзани вести

Back to top button