Свет

Исповед на шведската тинејџерка: Момчето ме одвлече во ИСИС

Тинејџерката од Шведска која била спасена од Курдите од канџите на Исламската држава, прв пат за курдската телевизија раскажала како дошла меѓу терористите.

Оваа 16-годишна девојка раскажала дека меѓу терористите во Мосул ја одвлекло нејзиното момче, со кое била во врска веќе две години, поради кое решила да го напушти училиштето.

“Прво сè беше во ред, а потоа почна да гледа снимки до Исламската држава и да зборува позитивно за нив. Во еден момент рече дека сака да се приклучи на ИСИС и јас само прифатив, не ни знаев кои се тие”, раскажала оваа наивна Швеѓанка.

Парот тргнал од Шведска, и преку Турција пристигнал во Сирија.


“Ни беше тешко, немавме пари, навистина тешко живеевме. Кога дојдов до првиот телефон, се јавив кај мајка ми”, рекла тинејџерката. Швеѓанката која била спасена на 17. февруари, се наоѓа во Ирак и наскоро ќе им биде предадена на шведските власти.

Поврзани вести

Back to top button