Живот

Исповед на пејачката Анабела Атијас: Како го победив ракот!

Имала само 19 години кога пејачката Анабела Атијас се оперирала од рак на дојка, за што конечно јавно прозборе дури сега.

-Една вечер после враќање од град, додека се бањав, напипкав грутка на градите. Веднаш ме фати паника, ја разбудив мајка ми и утредента отидовме на преглед, во рок од два дена ми беше направена биопсија и операција. Неколку месеци бев на хормонска терапија и успешно се излекував бидејќи туморот беше откриен на време, се помина без последици.

После тоа останав бремена, добор ја поднесов бременоста, но не можев да ја дојам Луна. После шест години,вградив силикони, иако лекарите ме советуваат тоа да го направам и порано. Психата е многу важна, не предавајте се на болеста, живејте со тоа како да е моментален проблем, кој ќе биде решен, рекла Анабела за еден српски магазин.

Поврзани вести

Back to top button