Свет

Исламска држава е во Европа и се подготвува за напади

Борец на Исламска држава, уапсен на границата со Турција, изјавил дека Исламска држава не се распаднала туку дека нејзините борци се преместени во Европа за да вршат напади. Садам ал-Хамади го уапсиле турските безбедносни служби минатиот месец на турско- сириската граница, објави „Дејли мејл“.

Тој тврди дека ИД не се распаднала и дека нејзините борци го искористиле хаосот што настанал за време на освојувањето на Рака и побегнале кон европските држави во кои сега планираат напади.

„Тие одат во одделни европски земји за да изведат напади. Во Европа отишле по повлекувањето. Пред тоа, тие биле учени дека Европејците се неверници“, рекол Хамади.

Според неговите тврдења, терористите  ќе влезат во Европа преку Турција и ќе изведат терористички напади и други слични дејствија. Тој рекол дека лично помагал во криумчарењето терористи од ИД во Рака, која се сметаше за главно упориште на терористите.

Како што рекол, поминал 18 месеци таму, а инфилтрирал во ИД многу борци од повеќе држави, вклучително и Британци.

„Ги чекавме ноќе и ги криумчаревме внатре во Рака. Таму добиваа воена и религиска обука“, објаснува Хамади. Токму тоа што го работел му помогнало и да побегне, пишува „Дејли мејл“.

Поврзани вести

Back to top button