Живот

Исидора Бјелица: Знам што го предизвикува ракот!

По повеќегодишна борба со ракот кој неколку пати и се враќаше, писателката Исидора Бјелица повторно успеа да се избори со тешката болест иако шансите за тоа не изгледаа големи. Во интервју за „Супер жена“ Исидора вели дека претходно доживеаната голема тага и стрес се заеднички на оние кои подоцна ја добиле оваа тешка болест.

– Нема волшебен лек. Секој човек и секој канцер се поинакви. Мора да се бара една идеална формула за официјална форма на терапија која подразбира хемотерапија, имунотерапија, биолошка терапија и алтернативна и психолошка помош која секогаш дава резултати и тоа е триаголник – ако инсистирате само на еден дел секогаш доаѓа до проблеми – вели таа.

– Кога жените ми приоѓаат на улица и имаат исти дијагнози како мене, кога зборуваме излегува дека никој не пушел, не се дрогирал, здраво сме се хранеле, но имаме една заедничка особина – сите сме доживеале големи таги и големи стресови и ако мене ме прашате тоа е главната причина, тагата, стресот, а околу тоа никој не работи. Луѓето заминуваат од оваа димензија тогаш кога веќе не можат да издржат психолошки – вели писателката.

Поврзани вести

Back to top button