Живот

Инцидент на снимањето на Ѕвездите на Гранд – Шабан Шаулиќ и Босанац се истепале, Карлеуша и Вики плачеле

Шабан Шаулиќ и Драган Стојковиќ Босанац се истепале на снимањето на Ѕвездите на Гранд дознава Блиц.

Како што дознава весникот, поради физичкиот судир на двајцата членови на жирито интервенирала и Итната помош, зашто на Шабан му се слошило од ударите. Тоа ги потресло женските членови Марија Шерифовиќ, Јелна Карлеуша, Вики Миљковиќ и Снежана Ѓуришиќ, кои се распалкале.

Од продукцијата тврдат дека само дошло до вербален судир.

– Како и секогаш досега кога ќе им се судрат мислењата, дојде до вербален судир меѓу двајцата експерти. Само тоа е вистина, стои во соопштението од Гранд.

Поврзани вести

Back to top button