Свет
ИД испратила уште џихадисти во Европа
Белгиската служба за оценка на заканите, која раководи со целиот национален систем за безбедност и разузнавање, официјално соопшти дека Исламска држава испратила уште џихадисти во Европа.
Според Службата, дел од џихадистите биле насочени кон Белгија. Засега нивото на закани за напади во земјата е на третиот, претпоследен степен. Тоа значи дека нападите се „можни и веројатни“.
Изминатите денови локалните медиуми јавија дека во Белгија и веројатно во Брисел се вратил Јонес Абауд, брат на Абделхамид Абауд, лидер на џихадистите кои го извршија нападот во Париз во ноември минатата година.
Белгиското обвинителство вчера потврди дека открило трага дека Јонес е повторно во Европа.