Религија

И Муслиманите го сакаат Исус: Ова сигурно не сте го знаеле за Исус и Исламот

Добро е познато дека Божиќ претставува раѓање на Исус Христос и религиите ширум светот го слават овој празник. Но многу луѓе не знаат дека Исус е важен дел и од исламската верак, иако овие верници не го слават Божик.

Во чест на овој празник, ви пренесуваме некои од улогите на Исус и неговата мајка Марија кои ги имаат во исламот.

1. Исус, Марија и ангелот Гаврил имаат свое место во светата исламска книга Куран.

2. Муслиманите веруваат дека Исус е Божји пророк, кого го родила девицата Марија. Сметаат дека тој ќе се врати на судниот ден да ја подели правдата и да го победи антихристот, верување како и кај христијаните.

3. Марија (Маријан на арапски) има цело поглавје во Куранот кое и е посветено. Тоа е воедно и единственото поглавје во Куранот кое е наречено по една женска личност. Интересно е што тоа е единствената жена која е споменета во таа света книга.

4. Кога говорат за други пророци, вклучувајќи го и Мухамед, Муслиманите велат „Нека мирот биде со него“, како што христијаните зборуваат за Исус.

5. Муслиманите веруваат дека Исус правел чуда. Куранот зборува за повеќе чуда на Исус, вклучувајќи и дека им го вратил видот на слепите, лекувал болни, враќал луѓе од мртвите…

6. Приказната за раѓањето на Исус, според Куранот, е првото негово чудо.

Поврзани вести

Back to top button