Свет

Христијанските мигранти ја напуштаат Европа: Сирија е денеска побезбедна, исламистите не прогонуваат и во ЕУ (ВИДЕО)

Спиро Хадад го напуштил предградието на Дамаск со цел да најде подобар живот и слобода во Европа. Година дена подоцна се вратил од Австрија во Сирија шокиран од насилството и омразата кон христијаните од страна на мигрантите кои ги следат исламистичките ставови.

Хадад на 25 годишна возраст ја напуштил Сирија со пријателите, се надевал дека ќе започне нов живот во Австрија, но потоа поради опасност по својата безбедност одлучил да ја напушти земјата и да се врати во Сирија.

Како што вели изненаден е од бројот на мигранти кои се подготвени отворено да кажат дека ја поддржуваат Исламска држава и Ал-Нусра.

“Потрошив 3000 долари за пат, наидувавме на бодликави жици, а полицијата редовно не испитуваше, но најголемиот проблем беше што морав да се кријам од останатите мигранти дека сум христијанин”, вели тој.

“Многу лидери на локални заедници коментираа дека црквите ќе бидат претворени во џамии, сето тоа морав да го слушам и кога ќе ме прашаа нешто морав да кажам дека се согласувам”, додава Хадад.

“Се надевав на слобода во Европа, но видов дека овде одлуките ги донесуваат истите оние од кои побегнав во Сирија. Не е добро што Европа е отворена за сите, ИСИС и Ал-Нустра имаат планови да ја уништат, а вие тоа не го разбирате. Песимист сум за иднината на Европа”, вели Спиро Хадад.

Поврзани вести

Back to top button