Свет

Христијаните во Алепо за прв пат по 5 години го прославија Божиќ

Христијаните во Алепо го прославија Божиќ, а за прв пат по 5 години во градот засвете елка.

Божиќ може да се слави затоа што минатата недела силите на претседателот, Башар Асад ја преземаа контролата на градот.

Луѓето го поздравуваат враќањето на  мирот во градот. Сепак, многу од жителите на градот избегаа и се кријат во дивина. Тие луѓе се во опасност, а со нив има и многу деца кои можат да умрат во снегот.

Во катедралата која е скоро разрушена, се одржа првата божиќна миса.

Бројот на христијаните се намалил од почетокот на војната од 250.000 до 50.000.

Поврзани вести

Back to top button