Свет

„Христијаните на Блискиот исток беа убивани масовно не смееме да дозволиме тој хорор да продолжи“

Новиот американски претседател се огласи на Твитер со „интересен“ твит. Доналд Трамп на својот профил на социјалната мрежа Твитер напиша: „Христијаните на Блискиот исток беа убивани во големи бројки. Не смееме да дозволиме тој хорор да продолжи“.

Доналд Трамп пред неколку дена потпиша извршна наредба за имиграција која што на државјаните на седум земји – Иран, Ирак, Сирија, Јемен, Судан, Сомалија и Либија им се забранува влез во САД во следните три месеци, додека пак на државјаните на Сирија им е забранет влез во САД на неодредено време.

Трамп со ваквиот потег порача дека сака да спречи „радикалните исламски терористи“ да влезат во Соединетите Американски Држави.

– Воведувам нови мерки за контрола, кои ќе ги држат радикалните исламистички терористи надвор од САД, рече Трамп во Пентагон по церемонијата на стапување на должност на новиот министер за одбрана Џејмс Матис. – Не ги сакаме тука. Сакаме да сме безбедни и нема да дозволиме во земјата да ги имаме истите закани, со кои нашите војници се борат зад границата, рече тој.

Трамп нагласи дека САД сакаат да ги примат само „оние луѓе, кои ја поддржуваат нашата земја и кои длабоко го почитувата нашиот народ“.

Претседателот на САД ги спомена загинатите во терористичките напади на 11 септември 2001 година и рече дека САД никогаш нема да ги заборават лекциите, научени тој ден. Тој потсети дека повеќето напаѓачи биле Саудијци, кои добиле визи од САД.

Согласно указот и неговите анекси, кои беа објавени од Белата куќа, американските власти ќе забранат во рок од три месеци влез на државјани од седум муслимански земји: Ирак, Иран, Либија, Сомалија, Судан, Сирија и Јемен. Исклучок ќе биде направен за оние граѓани, кои поседуваат дипломатски визи, за официјалите претставници на тие земји и за вработени во меѓународни организации.

Вашингтон ќе ја замрзне на четири месеци и федералната програма за прием на бегалци од земји, во кои се водат војни. Изрично се забранува прием на сириски бегалци до втората наредба. Од почетокот на војната во Сирија во 2011 година САД примиле само 18 илјади сириски бегалци. Во текот на буџетската 2016 година (1 октомври 2015 до 30 септември 2016) САД примиле вкупно 84.994 бегалци од целиот свет, вклучувајќи над десет илјади Сиријци.

Владата на претходниот претседател Барак Обама постави како цел прием на 110 илјади бегалци во буџетската 2017 година. Новата администрација на Трамп сепак има цел таа бројка оваа година да не надмине 50 илјади лица.

Поврзани вести

Back to top button