Избор на уредникотМакедонија

Хорор во Демир Капија, четири малолетници силувале врсничка

Четири малолетници од Демир Капија силувале врсничка. Случајот во полиција го пријавила мајката на девојчето.

– Синоќа во 23.30 часот во Полициската станица Неготино, 30-годишна жена од Демир Капија пријавила дека подолг временски период четири малолетници, врсници на нејзината малолетна ќерка, во објект во изградба во двор на основно училиште, ја присилувале нејзината ќерка на сексуални односи со нив. Запознаен е јавен обвинител од ОЈО Кавадарци и Центарот за социјални работи Неготино, информираат од СВР Велес.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Поврзани вести

Back to top button