Избор на уредникотМакедонија

Херои: Маја Морачанин, Мендух Тачи, Ивана Туфегиќ, Лилјана Поповска и Тања Ковачев не гласале за Законот за употреба на јазиците – Eве кој се гласал

Пратениците од СДСМ и коалицијата Маја Морачанин, Ивана Туфегиќ, Лилјана Поповска и Тања Ковачев не гласале за Законот за употреба на јазиците. Мендух Тачи, лидерот на ДПА не беше присутен во Собранието на вчерашната седница.

Според собраниските листинзи за вчерашното гласање, пратениците од СДСМ и коалицијата Маја Морачанин, Ферид Мухиќ, Ивана Туфегиќ, Лилјана Поповска и Тања Ковачев не гласале за Законот за употреба на јазиците.

Независните пратеници Чедомир Саздовски и Амди Бајрам беа за овој закон.

Зијадин Села и Ферид Мухиќ гласале за законот за јазиците иако тоа не го покажуваат листинзите од Собранието. Тие за „Макфакс“ изјавија дека на вчерашната седница го стиснале зеленото копче и дале глас за усвојување на законот. Нивните гласови не се избројани во 64-те гласа со кои се изгласа законот. Според стенограмот од гласањето, објавен на официјалната веб-страница на Собранието, Села со реден број 97 не гласал за законот, а исто и Мухиќ, кој е под реден број 82.

Истовремено и Претседателот и пратеник на БЕСА, Африм Гаши, вели дека гласал вчера за Законот за употреба на јазиците и покрај тоа што на листингот од Собранието се уште до неговото име стои дека не гласал. Како една од причините за тоа вели дека може да е електрониката во собраниската сала, која не го регистрирала неговиот глас. Но се сомнева, како што вели, дека тоа било намерно така направено.

Поврзани вести

Back to top button