Харадинај: Некои луѓе не нарекуваат муслимани, а ние не сме ниту налик на муслиманите (ВИДЕО)
Српските медиуми актуелизираа едно видео на кое зборува Рамуш Харадинај, поранешниот косовски премиер. Видеото на интернет е постирано во 2013-та, а според информациите, разговара со некој од европските претставници. Во разговорот, Харадинај вели дека не знае зошто е роден како муслиман, кога целото негово семејство е католичко.
„Четири генерации од моето семејство биле Албанци католици, а јас сум роден како муслиман. Ни сам не знам зошто сум муслиман. Никогаш во животот не сум посетил џамија поради молитви или поради било што друго. Единствено што ме поврзува со муслиманите е името, а ниту тоа не оди во прилог бидејќи нашите имиња се секуларни, потекнуваат од албанските католици, старите Илири.
Религијата за нас била поглед на животот единствено за време на Отоманската империја, кога со нашата земја владееле Османлиите, предците на денешните Турци. И само во тој период ние кратко сме се држеле за верата, но таа никогаш не станала приоритет или главна работа во нашите животи.
Некои луѓе не нарекуваат муслимани, а ние не сме ниту налик на муслиманите. Ние не исполнуваме услови за да бидеме муслимани, ние живееме секуларно како католиците, православните или некои други вери“ – вели Харадинај во видеото.
Харадинај беше премиер на Косово и заповедник на Ослободителната војска на Косово (ОВК). По налог на Србија тој беше повторно уапсен, но и ослободен. Апелацискиот суд во францускиот град Колмар го одби барањето на Србија за екстрадиција на поранешниот лидер на УЧК, Рамуш Харадинај во истиот ден кога во Македонија се случи крвавиот упад во Собранието.