Хаос во Малме: Запален Куранот, 300 луѓе протестирале и палеле сѐ пред себе (ВИДЕО)
Насилствата избија откако припадници на десничарски „Радикален курс“ вчера попладне ја запалија муслиманската света книга во кварт кој е претежно населен со мигранти, а снимката од палењето на Куранот ја објавија на социјалните мрежи.
По палењето на Куранот од страна на десничарски активисти, во шведскиот град Малме избија нереди во коишто се уапсени повеќе од 15 лица, а неколку полицајци се полесно повредени.
Над 300 луѓе се собрале во знак на протест, палеле сѐ пред себе, ја напаѓале и полицијата и останатите итни служби – пренесува „АП“.
Насилствата избија откако припадници на десничарски „Радикален курс“ вчера попладне ја запалија муслиманската света книга во кварт кој е претежно населен со мигранти, а снимката од палењето на Куранот ја објавија на социјалните мрежи.
Дневникот „Афтонбладет“ пренесува дека неколкумина антиисламски активисти вчера во Малме го шутирале меѓу себе Куранот на еден од градските плоштади.
Подоцна, три лица биле уапсени под сомнение за поттикнување на насилство против етнички групи.