Избор на уредникотМакедонијаТоп

Хаос на летот од Брисел за Скопје: Патник се соблекол гол до појас и викал УЧК!

Патник се соблекол гол до појас, викал „УЧК“, се однесувал агресивно и ги вознемирувал патниците на лет на „Визер“ од Брисел за Скопје.

Полицијата го привела веднаш по слетувањето на скопскиот аеродром околу 12.30 часот.

Засега е познато дека станува збор за косовски државјанин кој е задржан на граничниот премин Меѓународен аеродром Скопје поради агресивно однесување. Се работи на расчистување на случајот, велат од Министерството за внатрешни работи (МВР), за „сдк.мк“.

Според патници на летот, мажот со крупна конституција, кој изгледал дека најверојатно е пијан или под дејсто на дрога, почнал многу гласно да вика околу половина час пред да почне постапката за слетување. Тој прво го вознемирувал патникот на седиштето пред него, па човекот морал да се премести понапред во авионот.

И покрај опомените од кабинскиот персонал, мажот продолжил да вика. Кога стјуардесата го најавила слетувањето и побарала патниците да останат врзани на своите места, тој станал и почнал да оди низ авионот при што се соблекол гол до појас. Тогаш патниците видно се вознемириле, а децата почнале да плачат. Стјуардесата преку разглас ги повикала да бидат смирени, а мажот продолжил да оди низ авионот и кога дошол во задниот дел, почнал да удира по седиштата и конечно седнал.

Повеќе во „сдк.мк“.

 

Поврзани вести

Back to top button