Групата на Бекир Асани го претепа градоначалникот Висар Ганиу
Градоначалникот на скопската општина Чаир, Висар Ганиу, беше претепан од страна на бандите на ДУИ и различните фракции во оваа општинска организација, барајќи од него да молчи и да не се даде било каква изјава на органите на полицијата, пишува порталот на албански јазик „КумановаПресс“, повикувајќи се на сопствени неименувани извори.
Порталот, цитирајќи информации од извор од општината Чаир, кој инсистирал на анонимност, пишува дека нетрпеливоста која долго време се забележува во рамките на структурите на ДУИ, особено во чаирскиот огранок, испливала на порвшина со тоа што група неидентификувани лица, припадници на една од фракциите во Чаир, го претепаа градоначалникот влечејќи го низ ходниците на општината зграда.
Според некои информации, кои доаѓаат од извори во рамките на структурите на ДУИ во Чаир, групата на Бекир Асани лично го истепала градоначалникот на Чаир, Висар Ганиу. Неофицијалните информации, според порталот, велат дека се зборува дека ова го принудило Ганиу да се повлече и да поднесе оставка од позицијата градоначалник на Чаир. Ситуацијата која преовладува во општината меѓу бандите во Чаир е алармантна, се наведува дека ова е цената по „победата“, со која се соочува со „доброто“ момче на Чаир – ова е цената која тој сега ја плаќа, да биде претепан од страна на неговите партиски пријатели, поради тоа што не потпишал тендерска документација. Задолжените за тендери во ДУИ, заедно со партиските банди, бараат од доброто момче на општината – значи Висар Ганиу, тој да биде послушен на сите фракции во рамките на ДУИ на чаирскиот огранок – исполнувајќи ги сите барања на секоја партиска група. Тоталната тишината која преовладува во рамките на општината, подразбира дека дека „доброто момче“ на Беќо е претепан токму од неговиот шеф – Бекир Асани, бидејќи не ги слушал зборовите на Беќо и тоа го принуди Висар да понуди оставка.
Досега, ниту еден од чаирскиот огранок на ДУИ се нема изјаснето за овој настан, а оваа тишина подразбира дека нешто се случило, додека сите функцинери на оваа партија молчат, од „КумановоПресс“ прашуваат по Ганиу, чиј е редот за ќотек?