СветТоп

Грција гори (ВИДЕО)

Над илјада пожарникари се борат против шумските пожари во Грција, најголем дел на островот Евија, северно од Атина, кој и натаму е надвор од контрола.

Според информациите од утринава, ситуацијата е малку подобра од вчера. Десетина пожарникари, два канадери и хеликопетр се борат со пожарот на Тасос.

Грчкиот премиер Мицотакис го прекина одморот и од Крит се врати во Атина.

-Ситуацијата изгледа подобро, пожарникарите вложија големи напори, изјави регионалниот гувернер за централна Грција, Костас Бакојанис за телевизија Скај.

Тој навел дека пожарите се комплицирани за гасење, но истакна дека човечки животи не се загрозени.

АП пренесува дека во Грција во рок од 24 часа се активирале 56 пожари.

Катимерини пожарите во Евија ги нарече голема еколошка катастрофа. Се наведува дека пожарот опфатил површина од 12 километри и прогласена е вонредна состојба.

Пожарот го гаснат 280 пожарникари, доброволци, војници, шест канадери и шест хеликоптери.

Грчката Влада побарала помош од европските организации за цивилна заштита, а канадери се испратени од Хрватска и Италија.

Минатата година во летувалиште во близина на Атина, 100 лица загинаа во пожар.

Поврзани вести

Back to top button