Грчки авион навлегол во македонски воздушен простор?
Објавено:
четврток, 14 април 2016 во 11:47
Според информациите во 10:30 часот грчки воен авион од типот „Фантом“ навлегол во македонскиот воздушен простор.
Извори на Телма тврдат дека авионот навлегол околу еден километар во македонски простор по што се вратил на грчка територија.
Авионот бил дел од група авиони кои летале над Идомени во рамките на акцијата за справување со бегалската криза во овој дел на Грција.