Градоначалникот Рамиз Мерко од општинскиот буџет на Струга потрошил 27.500 евра во 2020 година за репрезентации, односно за јадење по ресторани. Во изминатите три години, односно за 2018, 2019 и 2020 таа сума изнесува скоро 78 илјади евра. Парите се трошени од програмата „Градоначалник – за расходи и репрезентација“, пренесе Алсат.
„Минатата година во услови кога имавме вонредна состојба, кога угостителските објекти работеа со рестрикции, се потрошени 27000 евра. На тој начин се злоупотребени парите на граѓаните… На последната седница градоначалникот не го негираше фактот дека тие пари се потрошени за репрезентација“, рече Ален Деребан, советник од ВМРО ДПМНЕ.