Живот
Градоначалник: Мештаните се виновни за градот, работеле на верски празник
Градоначалникот на општна Бајна Башта Радомир Филиповиќ ги обвини мештаните дека се одговорни за градоносните облаци, зашто работеле за време на верски празник.
Повеќе села во општината Бајна Башта во Србија беа погодени од град, а мештаните велат дека претрпеле огромна штета.
-Сѐ што имав, ми го однесе бурата, ништо не остана од малините, овде многумина ќе станат просјаци поради невремето. Не знам дали ќе имаме пари даноците да ги платиме. Отидовме да го молиме за помош градоначалникот на општината, а тој ни вика дека самите сме си биле виновни, сме работеле на верски празници, вели еден оштетен селанец.