Големите градови можат да бидат погодени од катастрофални поплави
Објавено:
среда, 18 мај 2016 во 18:49
По климатските промени до 2060 година повеќе од една милијарда луѓе ќе живеат во големите градови кои ќе бидат подложни на катастрофални поплави, предупредуваат британските експерти.
САД, Кина и Индија се меѓу државите кои се најзагрозени, а со најголема опасност ќе се соочат индиските градови Калкута и Мумбај, се посочува во најновата студија на британската хуманитарна организација „Христијанска помош“.
На листата најзагрозени градови, осум се наоѓаат во Азија, а потоа следи Мајами во САД.
Во извештајот се апелира владите да преземат акции за намалување на глобалното загревање и да вложат повеќе напори во превенцијата од катастрофи.