ЖивотТоп

Ѓоковиќ: Да не бев од Србија, одамна ќе ме креневте до небото

Новак Ѓоковиќ продолжи да ги поместува границите во светот на тенисот. Со освојувањето на Ју-ес опен, тој стигна до 24. Грен слем титула и со тоа се одалечи од своите најголеми ривали Рафаел Надал и Роџер Федерер.

Во финалето Ѓоковиќ го победи Данило Медведев со 3:0 во сетови и со тоа му се одмазди за поразот од 2021 година. Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ оддржа прес-конференција по освојувањето на четвртата титула на Ју-ес опен.

Интересен одговор Ѓоковиќ даде на прашањето дали се смета себеси за еден од најголемите спортисти на сите времиња.

– Тоа вам ви оставам вам и на сите други, без разлика дали сум или не, дали заслужувам да бидам дел од таа дискусија. Да не бев од Србија, пред многу години ќе бев кренат до небото на спортски план…особено во западниот свет. Тоа е дел од моето патување, благодарен сум што доаѓам од Србија, тоа ми дава верба и надеж, уште послатко е и ме исполнува, а вие пишувајте што мислите, истакна Ѓоковиќ.

Новак Ѓоковиќ од денес се врати на првото место на АТП листата. Српскиот тенисер ја започна 390. недела како светски првој 1.

Поврзани вести

Back to top button