МакедонијаТопФото

Мечка влегла во дворот на поранешен пратеник од СДСМ: Ајде да ве видам вие умоболни бирократчиња што ја штитите мечката

Мечка влегла во домот на поранешниот пратеникот од СДСМ Латиф Пајкоски во селото Жировница во Општина Маврово-Ростуше. Тој преку социјалните мрежи порачува дека не им преостанува ништо друго на граѓаните освен да се самоорганизираат и да ги заштитат своите животи и имоти.

– Синоќа околу 22 часот, пред мојата куќа. Ајде да ве видам вие умоболни бирократчиња што ја штитите мечката, а ништо не преземате за да го заштите населението, повелете барем една вечер бидете мои гости во Жировница, но не сами туку со вашите деца. Очигледно ни преостанува да се самоорганизираме и да се штитиме и самите и нашите имоти со сѐ што располагаме. Нека ова биде и едно од последните укажувања, пишува Пајкоски.

Пајкоски беше пратеник од редовите на СДСМ. Беше член на пратеничката група на Собранието на РМ за соработка со Парламентот на Република Турција. Беше и член на Постојаната анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот при Собранието на РМ.

Поврзани вести

Back to top button