Свет

Го создале 34 командоси, а го сочинуваат илјадници вооружени криминалци

Лос Зетас е најголемата криминална организација, која делува на подрачјето на повеќе од половина Мексико.

Лос Зетас започнал со работа како огранок на мексиканскиот Заливски картел, кој го сочинувале 34 мексикански командоси, кои имале за цел да го заштитат младиот шеф во подем, Осиел Карденас Гуилен, кој бил поставен во 1999. година. Гуилен за заштита најмил телохранител, пензионираниот командант Рубел Ел Чато Салинас, кој барал 30 мексикански дезертери, за да оформи добро платен огранок.

Во текот на годините Карденас своето влијание го проширил и на Лос Зетас. Групата подмитувала и се заканувала се додека Заливскиот картел не станал недопирлив, па дури ни властите не му можеле ништо. До 2003. година Лос Зетас се прошириле и вклучиле 300 паравојници опремени со софистицирано оружје. Мексиканското министерство за одбрана ја препознало оваа група како “најголем одред на смртта и организираниот криминал во мексиканската историја”.

Истата година дошло до пресметка со мексиканската војска, кога Карденас Гуилен бил фатен и осуден на 25 години затвор. Лос Зетас тогаш веќе го надминал Заливскиот картел според приходите, бројот на членови и влијанието. По внатрешниот судир кој траел со години, во 2010. година Лос Зетас се одвоил од Заливскот картел.

Но, картелите тогаш се свртеле едни против други. За да ја заплашат конкуренцијата и да привлечат повеќе членови, Лос Зетас извршиле неколку масакри и напади на цивили. Така помеѓу 2010. и 2011. година биле убиени повеќе од 350 фармери и имигрантски работници во Мексико и Гватемала, кои одбиле да им се приклучат.

Лос Зетас регрутирал поранешни војници од Гватемала, бунтовници познати како “машини за убивање”, па изградиле кампови ширум Мексико за тренинг на млади регрути, од 15 до 18 години, пишува Business Insider.

Повеќето од првобитните 34 командоси биле заробени илу убиени од мексиканските власти, но нови групи млади војници и натаму пристигнуваат. Групата го задржала цврстото упориште во Мексико, а активна е и во Тексас. ФБИ верува дека Зетас контролира и неколку американски банди.

Поврзани вести

Back to top button